„Фени“ досега инвестира 12 милиони евра во екостандарди

Bez autora
Dec 05 2013

Од аплицирањето за А-интегрирана дозвола досега за екологија се инвестирани вкупно 12 милиони евра, а до целосно заокружување на екостандардите ќе бидат потрошени вкупно 15 милиони евра. Сметаме дека сме единствена компанија во Македонија со волку голема инвестиција само во екологија. Ова го изјави генералниот директор на „Фени индустри“, Kонстантинос Даскалакис при посетата на комбинатот од страна на министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми. Со запазување на еколошките стандарди кои се наш приоритет и со употреба на алтернативни горива кои сметаме дека се иднината на индустријата, не само што придонесуваме за заштита на животната средина и за заштеда на минералните ресурси, туку придонесуваме и за намалување на производствените трошоци. Тоа е особено важно во услови на глобална економска криза кога ниската цена на никелот н` оптоварува. Но, не правиме отстапки во интерес на екологијата, нагласи Даскалакис.

„Фени“ досега инвестира 12 милиони евра во екостандардиОд аплицирањето за А-интегрирана дозвола досега за екологија се инвестирани вкупно 12 милиони евра, а до целосно заокружување на екостандардите ќе бидат потрошени вкупно 15 милиони евра. Сметаме дека сме единствена компанија во Македонија со волку голема инвестиција само во екологија.

Ова го изјави генералниот директор на „Фени индустри“, Kонстантинос Даскалакис при посетата на комбинатот од страна на министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми.

- Со запазување на еколошките стандарди кои се наш приоритет и со употреба на алтернативни горива кои сметаме дека се иднината на индустријата, не само што придонесуваме за заштита на животната средина и за заштеда на минералните ресурси, туку придонесуваме и за намалување на производствените трошоци. Тоа е особено важно во услови на глобална економска криза кога ниската цена на никелот н` оптоварува. Но, не правиме отстапки во интерес на екологијата - нагласи Даскалакис.

Тој додаде дека производството на фероникел е чиста индустрија каде што има механички процес без употреба на хемикалии, безбеден како за вработените така и за околината.

Министерот Адеми кажа дека од 19 еколошки обврски, „Фени индустри“ од Kавадарци има имплементирано 17. Kомплетното имплементирање ќе заврши до почетокот на април следната година, во согласност со законскиот рок.

Министерот рече дека дошол лично да се увери во тоа што комбинатот го има направено од моментот на апликацијата за усогласување со оперативниот план. Потсети дека „Фени“ е прва компанија која аплицирала за А-интегрирана дозвола во 2005 година и ја добила во 2008 година.

На прашањето што со оние што нема да ги исполнат екостандардите, Адеми нагласи дека не верува дека ќе се усогласат со оперативните планови оние што с` уште не почнале да инвестираат за исполнување на тие стандарди.

- Би сакал да видам нивни конкретни чекори за преземање активности, с` со цел да не се доаѓа до порадикални мерки или затварање на таквите фабрики. Се грижам за еколошките стандарди. Владата е таа која одлучува дали ќе пролонгира некој рок. Таа веќе донесе одлука рокот од 1 април следната година да не се пролонгира - категоричен беше Адеми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik